Социјално партнерство
Економско-социјален совет
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на РМ и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности на РМ како демократска и социјална држава.
Потписници на Спогодба за основање на Економско-социјалниот совет се Владата на РМ, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.
Структура
Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови: четири члена именува Владата на РСМ, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Северна Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Северна Македонија.
Претседател на Економско-социјалниот совет:
- Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
| Бесар Дурмиши | претседател | Министер за економија и труд |
| Марјан Ристески | заменик член | Заменик министер за економија и труд |
| Гордана Димитриеска-Кочоска | член | Министерка за финансии |
| Николче Јанкуловски | заменик член | Заменик министер за финансии |
| Фатмир Лимани | член | Министер за социјална политика, демографија и млади |
| Ѓоко Велковски | заменик член | Заменик министер за социјална политика, демографија и млади |
| Весна Јаневска | член | Министерка за образование и наука |
| Лулзим Алиу | заменик член | Заменик министер за образование и наука |
| Слободан Трендафилов | член и заменик претседател на ЕСС | Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Иван Пешевски | член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Трпе Деаноски | член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Игор Герасов | член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Љубиша Каранфиловски | заменик член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Златко Цветковски | заменик член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Игор Китаноски | заменик член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Стојанче Кашиковски | заменик член | Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
| Владанка Трајкоска | член и заменик претседател на ЕСС | Претседателка на Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Ангел Димитров | член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Љупчо Фармакоски | член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Весна Богдановска | член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Томе Петковски | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Фисник Осеку | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Ѓорѓи Петрушевски | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
| Борис Хрисафов | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Управување
Економско-социјалниот совет ја има следнава структура на управување:
- претседател и двајца заменици на претседателот
- секретар
Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција.
Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата.
Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за труд и социјална политика, определено од министерот за труд и социјална политика.
Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството труд и социјална политика.
Надлежност
- ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
- ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
- ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
- му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
- им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
- дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
- ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
- го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
- дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.
Заклучоци
Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци.
Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РСМ и Собранието на РСМ.
Колективни договори
- Општ колективен договор за јавниот сектор 2023
- Колективен договор за социјална заштита(Службен весник 249/19)
- Анекс за дополнување на Колективниот договор за социјална заштита
- Колективен договор за јавните установи за деца во дејност загрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејност одмор и рекреација на децата
- Општ колективен договор за јавниот сектор во Република Македонија
- Колективен договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита на Република Македонија
Толкување на одредбите од Општиот колективен договор за јавниот сектор(ОКД)
- Толкување на член 2 од ОКД за тоа на кои работодавачи се однесува Колективниот договор
- Толкување на член 5 од ОКД и примена на поповолното право на работникот
- Толкување на член 20 став(4) од ОКД во делот на поимот “ист работодавач”, во случаите кога работникот поради организациски или законски промени во текот на работниот век имал промена на работодавач
- Толкување на член 21 од ОКД во делот на условот работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кајнист работодавач за да се стекне со правото на регрес за годишен одмор
