Марјан Ристески
Заменик министер во Министерство за економија и труд на Република Северна Македонија

Дата и место на раѓање:
20.02.1972, Прилеп
Профил
- Дипломиран економист кој најголемиот дел од професионалната кариера го има поминато во локалната самоуправа.
- Градоначалник на Општина Прилеп во три мандати.
- Член на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).
- Извршувал и други значајни функции, вклучувајќи:
- Претседател на Економскиот совет – Прилеп
- Член на Управниот одбор на Регионалната развојна агенција – ПРЕДА
- Член на Заедничкиот консултативен комитет ЕУ – Македонија
Образование
- Високо образование:
Дипломиран економист на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола - Средно образование:
Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп
Професионално искуство
- Градоначалник на Општина Прилеп
Период: 2005 – 2017 - Комунален инспектор во Општина Прилеп
Периоди: 1998 – 2005 и 2017 – 2024
Јазици и лични информации
- Освен македонскиот мајчин јазик, зборува и англиски јазик.
- Оженет, татко на едно дете.
