Министерот за економија и труд денеска одржа работна средба со директорот, инспекторите и вработените во Државниот пазарен  инспекторат, со цел да упати благодарност за нивната посветеност и улога во заштитата на потрошувачите, но и да ги поттикне на поголема активност на терен. 
„Тука сум не само како министер, туку и како човек што верува во вас – во вашиот труд, стручност и искрена посветеност. Вие сте лицето на државата на терен, со секоја проверка, со секој записник“, истакна министерот. 
Министерството за економија и труд ја презеде надлежноста врз инспекциските служби со цел да го зајакне нивниот капацитет и да ги врати блиску до граѓаните, а резултатите веќе се видливи. 
„Вашата работа беше клучна во успешно спроведување на мерките против инфлацијата и растечките цени. Покажавме дека државата знае и може да реагира кога е најпотребно“, додаде тој. 
Министерот ги охрабри инспекторите да бидат уште посмели и поактивни на терен, но и да покажат повисоко ниво на професионалност и дисциплина. 
„Редовноста и присуството се основа на секоја сериозна институција. Очекувам и верувам дека секој од вас може и ќе даде повеќе“, рече министерот, нагласувајќи дека инспекциските контроли не се само бројка, туку сигнал дека државата е присутна – таму каде што граѓаните можат да бидат оштетени. 
Тој посочи дека трагичниот настан во Кочани е потсетник колку е важно навремено и одговорно делување, и ги повика инспекторите секогаш да бидат подготвени да реагираат. 
„Ние не работиме за себе – работиме за граѓаните. А тие ни се секогаш на прво место. Да бидеме дел од решението, таму каде што се проблемите“, порача министерот.

CATEGORIES:

Вести

No responses yet

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


Latest Comments

Нема коментари за приказ.